Градоначалникот Дарко Костовски изврши увид во изградба на потпорениот ѕид на улица 50.
Поради одрони и пропаѓање на улицата, неопходно беше да се изврши санација на оштетениот дел и со изградба на потпорен ѕид да се спречи понатамошно оштетување на улицата која предизвикуваше небезбедно движење на граѓаните.
Општина Бутел со овој потпорен ѕид ќе обезбеди дополнителна сигурност на објектите на граѓаните и заштита од можно лизгање на земјиштето.
Локалната самоуправа реализира проект кој беше едно од најголемите барања на граѓаните во ова населено место.







