Oпштина Бутел продолжува со активности за асфалтирање на улиците во населеното место Визбегово.
Општина Бутел вложува во проекти за подобрување на сообраќајот и зголемување на безбедноста на сите граѓани.
Реализацијата на проектите претставува исполнување на предизборните ветувања на градоначалникот, за еднаков и рамномерен развој на сите населени места во општината.
Во општина Бутел се реконструираат и асфалтираат 70 улици, во износ од 150 милиони денари.











