Во пресрет на големиот христијански празник беше одбележан патрониот празник на општинското основно училиште “Св. Климент Охридски”.
Општинско основно училиште, во кое учеше градоначалникот, со гордост го носи името на првиот писател и просветител, првиот словенски Епископ и творец на Охридската книжевна школа.
Свети Климент, кој ја создаде кирилицата учеше: “Тргај се од злото и прави добро!”.
Токму оваа негова мисла треба да е водилка во нашето секојдневие. Да создаваме и правиме добро, добро за нашиот народ, за нашите граѓани, за идните генерации.













