Работно време: Пон - Пет 08:00 - 16:00 часот

MK

ENG

ALB

ПРОЧИСТУВАЧИ ЗА ВОЗДУХ ЗА СИТЕ ГРАДИНКИ ВО ОПШТИНА БУТЕЛ

За сите клонови на детската градинка “11 Октомври” обезбедени се прочистувачи на воздух.

Во насока на подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух, односно за намалување на последиците од аерозагадувањето, преку обезбедување на прочистувачи на воздух се придонесува за намалување на загадувањето на најмалите деца од предучилишна вораст.

Чистиот воздух е наше заедничко право, а загадувањето предизвик кој бара обединет одговор од сите нас. Ова е проблем што бара заеднички напори од целата заедница.

Оваа значајна донација на напредни прочистувачи од реномираниот германски производител Mann+Hummel ќе обезбеди воздух со највисоки медицински стандарди за нашите најмлади жители, за дечињата во градинките.

Оваа активност е дел од поширокиот план на општина Бутел за создавање почиста и поздрава животна средина за сите.

Previous НОВОГОДИШЕН ТУРНИР ВО ФУДБАЛ ПОД ПОКРОВИТЕЛСТВО НА ОПШТИНА БУТЕЛ

ул. “Бутелска” бр. 4, Скопје

Работно време:

понеделник – петок: 08:00 – 16:00 час.

Структура на општината

Општина Бутел © 2022.