Вечерва градоначалникот Дарко Костовски одржа состанок на кризниот штаб на општина Бутел, имајќи ги в предвид најавите и временската прогноза за овој период.
Вечерва се фрла сол и ризла на улиците во населените места Љубанци, Љуботен и Радишани горна зона.
Со ова се спречува мрзнење на улиците и се овозможува непречено одвивање на сообраќајот.
Дежурни екипи од комуналното одделение ќе бидат поставени на најкритичните места доколу дојде до поголеми наноси на снег.







