Екипите за зимско одржување заедно со општинскиот кризен штаб од рано утрово се на терен.
Навремено се исчистени сите критични места во општина Бутел како и главните улици.
Тимови од oпштина Бутел работат на расчистување на сите пристапни патеки до градинките, училиштата, автобуските постојки и тротоарите.
Општина Бутел ја следи ситуацијата и ќе продолжи со навремено реагирање.










