Oпштина Бутел во соработка со Град Скопје започна активности за изградба на пешачка патека и чистење на коритото на река Серава во Бутел 1.
По повеќе од 20 години, се реализира едно од најголемите барања на граѓаните на општина Бутел.
Проектот напредува со одлична динамика и предвидува изградба на нова патека во должина од 1590 метри, со ново осветлување, нови клупи и хортикултурно уредување на просторот.
Истовремено, ќе се изградат и нови детски игралишта. Локалната самоуправа заедно со Град Скопје вложува во проекти кои создаваат можности за спорт и рекреација на сите граѓани.









