Денес, општина Бутел распиша јавен повик за доделување финансиски средства од буџетот на општината во износ од 4.000.000 денари.
Средствата се наменети за финансирање на програмските активности на спортските клубови кои функционираат на територија на општина Бутел.
Спортските клубови кои ќе изразат интерес за доделување на финансиски средства треба да ги исполнат критериумите објавени во јавниот повик.
Општина Бутел е најспортската општина во Македонија.
Локалната самоуправа промовира политики за поддршка на спортот и постојано вложува во развој на сите спортови.