Денес градоначалникот Дарко Костовски заедно со претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски, се сретнаа со претставниците на управувачките тела на Стопанската Комора на Северозападна Македонија, како и со претставници од бизнис секторот во индустриската зона Визбегово.
Разговараа за теми кои се од значаен интерес за развојот на бизнис-структурата и за тоа како локалната самоуправа може да помогне.
Општина Бутел како општина во која се наоѓа една од најголемите индустриски зони “Визбегово” изминатиот период беше посветена на развојот и подобрување на условите во зоната.
Локалната самоуправа изработи комплетна документација за главната улица “стар Качанички пат”, улица која е од големо значање за целата зона.
Соработката ќе продолжи и во иднина затоа што општината, комората и државата мораат да се развиваат заедно.






