Работно време: Пон - Пет 08:00 - 16:00 часот

MK

ENG

ALB

ОФИЦИЈАЛНО ЗАПОЧНА ВТОРИОТ МАНДАТ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ДАРКО КОСТОВСКИ

“Денес општинската изборна комисија Бутел ми го врачи Уверението за мојот избор за градоначалник на општина Бутел во втор мандат.
Благодарам на сите граѓани на општина Бутел за поддршка и доверба која ми ја дадовте. Вие сте мојата најголема мотивација и причина да продолжам со уште поголема посветеност и нови проекти. Ги менуваме работите за да обезбедиме пристојни услови за живот на сите граѓани. Инвестираме и градиме онаму кадешто никој во изминатите децении немал интерес. Така и ќе продолжиме. Честитки до општинската изборна комисија Бутел за успешно спроведениот изборен процес за избор на градоначалник и членови на Советот на општината. Продолжуваме, заедно со сите вас да ја градиме и развиваме општина Бутел во модерно и подобро место за живеење.” – градоначалник Дарко Костовски.

Previous ВОНРЕДНА АКЦИЈА – КХС “СКОПЈЕ” КОЛАБИРАШЕ

ул. “Бутелска” бр. 4, Скопје

Работно време:

понеделник – петок: 08:00 – 16:00 час.

Структура на општината

Општина Бутел © 2022.